Успешната приказна на Ангел Ивановски како Junior Full-Stack Developer


Ангел Ивановски кој ни доаѓа од Битола и има 20 години ќе ни каже нешто повеќе околу неговата работа како junior full-stack developer во компанијата Клуб Спорт 77. Ангел е корисник на платформата bintern.com и успешно пронајде работа преку истата.

Пред да започне со работа во компанијата Клуб Спорт 77, Ангел беше на пракса во БИНТЕРН за време на неговите средношколски денови односно во 3-та година. Ангел заврши средно образование во СОТУ "Ѓорѓи Наумов" во Битола. Тогаш направивме интервју за неговото практикантско искуство во БИНТЕРН, па доколку ве интересира тоа можете да го погледнете на следниот линк https://bintern.com/blog/uspesna-srednoskolska-prikazna.

Прашањата кои му ги поставивме на Ангел се следниве.

Димитар: Раскажи ни ја твојата кариерна приказна. Како почна и каде си сега?

Ангел: Започнав рано на моите 17 години со пракса во БИНТЕРН, после успешното завршување на праксата имав мала пауза. За време на таа пауза бев во потрага по работа и пронајдов оглас на платформата bintern.com, аплицирав и ме примија на работа во компанијата Клуб Спорт 77 како junior full-stack developer. Како junior full-stack developer работа на повеќе помали проекти преку кои се стекнувам со искуство за развој на веб апликации (front-end со HTML, CSS, JQuery и JavaScript и back-end со PHP и MySQL), поврзување со бази на податоци итн. Веќе една година работам во Клуб Спорт 77, имам ментор кој ми помага во кариерниот развој и задачите. Дел сум од тим во кој има седум членови.

Димитар: Како изгледа еден твој работен ден?

Ангел: Во 8 часот запонува мојот работен ден, потоа околу 10 часот имаме пауза за храна која ни ја обезбедува компанијата, во 12 и 30 часот имаме кафе пауза и во 16 часот ни завршува работното време. Секако измеѓу паузите ги извршуваме работните обврски и задачи. Секогаш кога почнуваме со нов проект организираме состаноци на кои го разгледуваме проектот од технички односно ИТ аспект и од кориснички аспект. Аналзизираме на кои проблеми можеме да наидеме и бараме предвремено решение за тие проблеми.

Димитар: Како го исполнуваш твоето слободно време?

Ангел: Моето слободно време го исполнувам со пешачење, вежбање, читање на книги (особено жанрот белетристика), и слушање на музика.

Димитар: Со кои технологии работиш и како се надоградуваш професионално?

Ангел: За време на праксата во БИНТЕРН работев со Vue.js и Nuxt.js, моментално на работа во Клуб Спорт 77 ги користам JQuery, PHP и MySQL. Покрај тоа што на работа се користат тие технологии во слобдно време учам нови тегхнологии како Laravel (framework за PHP) и Vue 3.

Димитар: Кои се твоите идни планови на професионално и приватно поле?

Ангел: На професионално поле планирам да продолжам со работа во компанијата Клуб Спорт 77 бидејќи многу добро се надоградувам и многу е добар начинот на кои го пренесуваат искуството. Во однос на приватното поле планирам да се запишам на факултет односно на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии во Битола.

Димитар: Каков совет би му дал на некој што е на почеток на кариерата?

Ангел: Би го советувал што побрзо да се одлучи за правецот во кој ќе ја движи кариерата, односно што сака да работи. На почеток да започне со пракса, па потоа по успешно завршување на праксата може да најде работа. Често младите луѓе кажуваат дека опкружување е одговорно за нивната кариера односно државата, политиката, родителите итн. Но, во суштина кога ќе се започне со кариерата сфаќаме дека таа зависи комплетно од нас.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на 
bintern.com